Калкулатор за кандидати со училишна матура

Успех во прва година       Во секое од полињата за успех по години се внесуваат оцените од секој предмет, една по друга, во редослед како во сведителството, без да се разделат со празно место или запирка. Дозволено е внесување само на цифрите 2, 3, 4 и 5; на пример: 455545554355. Средниот успех (оценките од сите години собрани заедно, а потоа поделени на вкупниот број на оценки) се множи со коефициент 12. По оваа основа можат да се добијат најмногу 60 поени.
Успех во втора година      
Успех во трета година      
Успех во четврта година      

Оценка по предмет 1 од матура       Во полињата за оценки по предметите од училишната матура внесувате по една оценка, според резултатите од матурата. Оценките од овие два предмета се множат со коефициент 1.6 и се собираат; на пример: (5 x 1.6) + (5 x 1.6) = 16 поени. По оваа основа можат да се освојат најмногу 16 поени.
Оценка по предмет 2 од матура      

Оценка по проектна задача       Оценката добиена од проектната задача се множи со 0.8; на пример: 5 x 0.8 = 4 поени. По оваа основа можат да се добијат најмногу 4 поени.

Вкупно: 0 поени. Општиот успех од сите предмети од средното образование (максимум 60 поени) и успехот од училишната матура (максимум 20 поени) се собираат и се формираат финалните поени (максимум 80 поени) со кои кандидатот може да конкурира за упис.