Калкулатор за кандидати со државна матура од 2014 година

Успех во прва година       Во секое од полињата за успех по години се внесуваат оцените од секој предмет, една по друга, во редослед како во сведителството, без да се разделат со празно место или запирка. Дозволено е внесување само на цифрите 2, 3, 4 и 5; на пример: 455545554355. Средниот успех (оценките од сите години собрани заедно, а потоа поделени на вкупниот број на оценки) се множи со коефициент 12. По оваа основа можат да се добијат најмногу 60 поени.
Успех во втора година      
Успех во трета година      
Успех во четврта година      

Оценка по прв екстерен предмет      
Во полињата за оценки по екстерните предмети внесувате по една оценка, според резултатите од државната матура. Кон оценката од секој екстерен предмет се додава перцентилниот ранг за соодветниот предмет поделен со 20. Поените од несоодветниот екстерен предмет се пресметуваат на тој начин што на оцената се додава перцентилниот ранг поделен со 20, потоа целото тоа помножено со коефициент 0.5. Вака добиените поени од екстерните предмети се собираат; на пример: (5 + (99.2/20)) + (5 + (99.2/20)) + (5 + (97.7/20)) х 0.5 = 24.8275 поени. Во перцентилниот ранг, доколку има децимали, децималите се одвојуваат со точка (.) наместо со запирка (,), на пример: 97.7 наместо 97,7. Од екстерните предмети можат да се освојат најмногу 30 поени.
Перцентилен ранг на првиот екстерен предмет %     
Оценка по вториот екстерен предмет      
Перцентилен ранг на вториот екстерен предмет %     
Оценка по третиот екстерен предмет      
Перцентилен ранг на третиот екстерен предмет %     

Оценка по интерниот предмет      
Во полињата за оценки по интерниот предмет внесувате по една оценка, според резултатите од државната матура. Оценките од интерниот предмет соодветен на студиската програма на која се запишува кандидатот се множат со коефициент 1.2, додека пак оценките од несоодветниот интерен предмет се множат со коефициент 0.8, а потоа се собираат. Од интерниот предмет можат да се освојат најмногу 6 поени за соодветен, или 4 поени за несоодветен предмет.

Оценка по проектна задача       Оценката добиена од проектната задача се множи со 0.8; на пример: 5 x 0.8 = 4 поени. По оваа основа можат да се добијат најмногу 4 поени.

Вкупно: 0 поени. Општиот успех од сите предмети од средното образование (максимум 60 поени) и успехот од државната матура (максимум 40 поени) се собираат и се формираат финалните поени (максимум 100 поени) со кои кандидатот може да конкурира за упис.