Калкулатор за кандидати со државна матура, со несоодветни предмети

Успех во прва година       Во секое од полињата за успех по години се внесуваат оцените од секој предмет, една по друга, во редослед како во сведителството, без да се разделат со празно место или запирка. Дозволено е внесување само на цифрите 2, 3, 4 и 5; на пример: 455545554355. Средниот успех (оценките од сите години собрани заедно, а потоа поделени на вкупниот број на оценки) се множи со коефициент 12. По оваа основа можат да се добијат најмногу 60 поени.
Успех во втора година      
Успех во трета година      
Успех во четврта година      

Оценка по соодветниот екстерен предмет       Во полињата за оценки по екстерните предмети внесувате по една оценка, според резултатите од државната матура. Кон оценката од секој екстерен предмет се додава перцентилниот ранг за соодветниот предмет поделен со 100 и помножен со 5. Потоа, поените од несоодветниот екстерен предмет се множат со коефициент 0.5. Вака добиените поени од двата екстерни предмети се собираат; на пример: (5 + (99.2/100 х 5)) + (5 + (97.7/100 х 5)) х 0.5 = 14.9025 поени. Во перцентилниот ранг, доколку има децимали, децималите се одвојуваат со точка (.) наместо со запирка (,), на пример: 97.7 наместо 97,7. Од екстерните предмети можат да се освојат најмногу 15 поени.
Перцентилен ранг на соодветниот екстерен предмет %     
Оценка по несоодветниот екстерен предмет      
Перцентилен ранг на несоодветниот екстерен предмет %     

Оценка по првиот интерен предмет      
Во полињата за оценки по интерните предмети внесувате по една оценка, според резултатите од државната матура. Оценките од интерните предмети соодветни на студиската програма на која се запишува кандидатот се множат со коефициент 1.6, додека пак оценките од несоодветните интерни предмети се множат со коефициент 1, а потоа се собираат; на пример: (5 x 1.6) + (5 x 1) = 13 поени. Од интерните предмети можат да се освојат најмногу 16 поени (кога двата предмети се соодветни), 13 поени (кога едниот предмет е соодветен, а едниот несоодветен) или 10 поени (кога двата предмети се несоодветни).
Оценка по вториот интерен предмет      

Оценка по проектна задача       Оценката добиена од проектната задача се множи со 0.8; на пример: 5 x 0.8 = 4 поени. По оваа основа можат да се добијат најмногу 4 поени.

Вкупно: 0 поени. Општиот успех од сите предмети од средното образование (максимум 60 поени) и успехот од државната матура (максимум 35 поени) се собираат и се формираат финалните поени (максимум 95 поени) со кои кандидатот може да конкурира за упис.