Калкулатор за кандидати со државна матура

Успех во прва година       Во секое од полињата за успех по години се внесуваат оцените од секој предмет, една по друга, во редослед како во сведителството, без да се разделат со празно место или запирка. Дозволено е внесување само на цифрите 2, 3, 4 и 5; на пример: 455545554355. Средниот успех (оценките од сите години собрани заедно, а потоа поделени на вкупниот број на оценки) се множи со коефициент 12. По оваа основа можат да се добијат најмногу 60 поени.
Успех во втора година      
Успех во трета година      
Успех во четврта година      

Оценка по првиот екстерен предмет       Во полињата за оценки по екстерните предмети внесувате по една оценка, според резултатите од државната матура. Кон оценката од секој екстерен предмет се додава перцентилниот ранг за соодветниот предмет поделен со 100 и помножен со 5. Вака добиените поени од двата екстерни предмети се собираат; на пример: (5 + (99.2/100 х 5)) + (5 + (97.7/100 х 5)) = 19.845 поени. Во перцентилниот ранг, доколку има децимали, децималите се одвојуваат со точка (.) наместо со запирка (,), на пример: 97.7 наместо 97,7. Од екстерните предмети можат да се освојат најмногу 20 поени.
Перцентилен ранг на првиот екстерен предмет %      
Оценка по вториот екстерен предмет      
Перцентилен ранг на вториот екстерен предмет %      

Оценка по првиот интерен предмет       Во полињата за оценки по интерните предмети внесувате по една оценка, според резултатите од државната матура. Оценките од интерните предмети се множат со коефициент 1.6 и се собираат; на пример: (5 x 1.6) + (5 x 1.6) = 16 поени. Од интерните предмети можат да се освојат најмногу 16 поени.
Оценка по вториот интерен предмет      

Оценка по проектна задача       Оценката добиена од проектната задача се множи со 0.8; на пример: 5 x 0.8 = 4 поени. По оваа основа можат да се добијат најмногу 4 поени.

Вкупно: 0 поени. Општиот успех од сите предмети од средното образование (максимум 60 поени) и успехот од државната матура (максимум 40 поени) се собираат и се формираат финалните поени (максимум 100 поени) со кои кандидатот може да конкурира за упис.